Пеле и Робен пристигнаа во Саса: Дојдовме со цел да и помогнеме на Саса во борбата за продолжување на второлигашкиот фудбал во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 02. Февруари 2024 година – Во борбата за опастанок во Втората фудбалска лига, екипата на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, полека и сигурно, го гради тимот за претстојниот пролетен дел од натпреварувачката 2023/24 сезона. Каменичкиот второлигаш денеска, во клубските простории ги претстави новите засилувања Дарко Алексовски и Мартин Димоски, или попознати по прекарите Пеле и Робен.

 

– Дојдовме со цел да помогнеме во борбата за опстанок на ФК Каменица Саса. Се надеваме дека со нашето повеќегодишно фудбалско искуство, ќе успееме да ги исполниме клубските очекувања за продолжување на второлигашкиот фудбал во вашиот град. Како поранешни фудбалери на Саса, можеме да кажеме, дека ја познаваме позитивната атмосфера за работа во тимот. Тоа, веруваме дека ќе биде дополнителен мотив за сите, Саса да го врати своето заслужено место во македонскиот фудбал, – истакнаа Пеле и Робен по пристигнувањето во Македонска Каменица

Претходно, двајцата имаат настапувано за екипите на Силекс, Детонит, Кит – Го, Брегалница, и други македонски клубови од првата и втората фудбалска лига. Во досегашниот дел од првенеството настапуваа за екипата на Вардар Неготино.

Претходно, клубот веќе најави седум засилувања, од каде истакнуваат дека во следните денови следуваат уште неколку нови силни засилувања пред продолжението на пролетниот дел од првенството. Подготовките се одвиваат според планираната динамика. По пријателскиот натпревар против струмичка Беласица, веќе утре Саса патува на контролен натпревар кај Детонит во Радовиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *