ОЈО: Претекнување на возило е причината за несреќата што се случи на патот Кочани – Штип

Претекнување на возило е причината за несреќата што се случи денеска на патот Кочани – Штип, а во која загинаа две лица, а седум се повредени, информира Основното јавно обвинителство.

Јавен обвинител изврши увид на лице место на несреќата и издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување, стои во соопштението на ОЈО.

Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење.

Извор: slobodenpecat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *