ОСНОВЦИТЕ ВО ОБЛЕШЕВО ЌЕ ЈА ЗАПОЧНУВААТ НАСТАВАТА СО ПОЧИТ КОН ДРЖАВНИТЕ СИМБОЛИ

Од денес започнуваме со реализација на идејата – Наставата во училиштето да започнува со интонирање на Државната Химна и подигање на Македонското знаме на јарбол пред училиштето. Ние како училиште ќе поднесеме иницијатива до советот на општина Чешиново-Облешево да донесе одлука наставата во училиштата на територија на општината да започнува со интонирање на Државната химна.
Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме за цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на децата кон Македонија, и да ги охрабриме и потикнеме да учат, осознаваат и да ја саакаат македонската култура и традиција.
Сметаме дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Татковината како симболи и репрезенти на државноста на нашата мила Македонија. Во таа чест денес на првиот ден од месецот ноември учениците од ООУ „Климент Охридски“ – Облешево со постројување пред почетокот на училишниот ден ги поздравија државните симболи.
Извор: радиокочани.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *