Македонска Каменица, 06. Ноември 2024 година – Денеска, во Домот на култура во Македонска Каменица, од страна на Организациониот одбор на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“се одржа прес конфереција на која медиумите и јавноста беа запознаени со активностите за претстојниот Фестивал, кој ќе се одржи на 22. 11. 2024 година.
И оваа година во тек е Конкурсот за убав испис на кирилица со краснопис на македонски јазик, кој освен за ученици од основните и средни училишта во републиката, е наменет и за возрасни категории (интернационален). Исто така продолжува и соработката со библиотеките за избор на најчитан македонски автор.
По прес-конференцијата во Фоајето беше отворена изложба на дела одпознатиот македонски сликар Родољуб Анастасов, како дел од фестивалските активности во соработка со КИЦ„Романса“ и Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“-Скопје, а во организација на Јасминка Намичева, автор на неформалната мрежа на музеи –МузеумЛинк.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој од организаторите беше поздравен како главен покровител на фестивалот.
На прес конференцијата зборуваа директорот на фестивалот Миле Ѓорѓијоски и претставник на невладината ,,Надеж-Норе” Влатко Ситновски.