Општина Македонска Каменица ќе додели еднократна парична помош во износ од 25.000,00 денари на лицата со попреченост

Македонска Каменица, 10. Октомври 2023 година – Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2023 година и согласно Правилникот за начинот на остварување на право на еднократна парична помош на лица со попреченост кои живеат на територијата на Општина Македонска Каменица, од 27.09.2023 година во износ од 25.000,00 денари, упатува Јавен повик до сите семејства на лица со попреченост.

Барателите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да достават:

  • Барање за остварување на правото на еднократна парична помош;
  • Фотокопија на важечки документ за идентификација (лична карта)
  • Фотокопија од извод од матична книга на родените или венчаните како доказ за сродство;
  • Потврда за жителство;
  • Наод и мислење за оцена на видот и степеност на попреченост и посебните потреби на лица со попреченост,
  • Наод и мислење на Службата за функционална проценка (МКФ).
  • Потврда дека лицето остварува право на надоместок поради попреченост врз основа на конзилијарно мислење,

Друга медицинска документација која може да послужи како доказ дека лицето ги исполнува условите согласно Правилникот.

Барањето и потребната документација се доставува до архивата на Општина Македонска Каменица непосредно, по пошта или во електронска форма.

Во електронска форма барањата и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk  со назнака “за јавен повик за доделување на еднократна парична помош на на лица со попреченост кои живеат на територијата на Општина Македонска Каменица“

Рокот за пријавување е до 30 Ноември 2023 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *