Општина Македонска Каменица прими Плакета за солидарност и понудена помош од Општина Делчево

Делчево одбележа 79 години од ослободувањето на градот и 32 години од независноста на Македонија. Во чест на празникот на градот се одржа и Свеченост на која се обрати градоначалникот Горан Трајковски. Посочувајќи дека изминатава година беше тешка за Делчево, поради силното невреме и поплавите, Трајковски изрази јавна благодарност до сите кои во тие моменти солидарно го помогнаа Делчево.
На свеченоста по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, покрај другите гости присуствуваше и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој прими Плакета за солидарност и понудена помош од страна на Општина Македонска Каменица.
– Сите знаеме дека соседно Делчево, во месец Јуни се соочуваше со природни непогоди од град и поплави. Тогаш заедно со Советот на Општина Македонска Каменица издвоивме финансиски средства за помош од 600.000 денари. Сума со која во тие тешки моменти ја помогнавме општина Делчево, – истакнува градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски
Сакам да истакнам дека, како соседни општини и сограѓани да се помагаме и почитуваме, да бидеме хумани, да подаваме рака кога е најпотребно и само така ќе ги надминеме сите предизвици, за доброто на нашата татковина Република Македонија, додава Атнасовски
-Овој свечен ден го посветувам на сите нив, но и на солидарноста и хуманоста. Во една кризна состојба од широки размери- се роди хуманоста за Делчево. Изразувам јавна благодарност до Владата на РСМ која одвои средства за санација на оштетената  инфраструктура и до АРМ која со механизација и инженерски тим работеа на санација и чистење на ендеците и водотеците. Посебна благодарност изразувам до Општините: Свети Николе, М.Каменица, Штип, Струмица, Куманово, Прилеп, до фирмите Кредисимо, ЕСИ, Амбасадор, Брегал, до Весна Илиевска, Атанаско Митрев, Љупчо Чулев за донираните средства на која до денес се уплатени околу 2 милиони денари, средства кои ќе се употрбат за санација на дел од последиците од невремето во Делчево, – рече Трајковски.
Во рамките на Програмата за одбележување на празникот на градот, вечерва со почеток во 19 ч се одржа Меѓународен фестивал на хумор, сатира и култура, а в сабота ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Делчево-фест“ и Пијанечко-малешевска свадба, а вечерта е резервирана за кабаре „Првиот Алцхајмер не се заборава“ во изведба на „Грбави танги“ од Белград.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *