Општина Македонска Каменица изработува Проект за сообраќаен режим на улиците Македонска, Илинденска и Осоговска

Македонска Каменица, 17. Октомври 2023 година – Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните, дека на ден 19.10.2023 година, во четврток, со почеток од 10:00 часот во Домот на културата ќе се одржи состанок на кој ќе се презентира сообраќајниот проект за регулирање на сообраќајниот режим за улиците Македонска, Илинденска и Осоговска.
– На состанокот, како што известува градоначалникот Димчо Атанасовски, ќе бидат присутни и лицето одговорно за изработка на сообраќајниот проект, како и претставници од општината.
Како што известуваат од општината, состанокот претставува одлична можност каде граѓаните ќе можат со свои предлози и забелешки да учествуваат во успешна реализација на проектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *