Општина Македонска Каменица започна со издавање на нови лиценци за авто такси превозници

Општина Македонска Каменица започна со издавање на нови лиценци за авто такси превозници

Македонска Каменица, 03. Јули 2023 година – Согледувајќи ја честата потреба и недостатокот на редови превозници при патување на граѓаните од Македонска Каменица кон соседните градови, локалната самоуправа започна со издавање на нови лиценци на авто такси превозници.
– Денеска ја издадов првата важечка лиценца за авто такси превозник од Македонска Каменица. Со ова, се надеваме дека ќе ги намалиме проблемите на граѓаните од Македонска Каменица кои патуваат кон останатите градови во државата, како и при локалните патувања во рамки на Општината, – изјави градоначалникот Атансовски по повод првата издадена лиценца за авто такси превозник. Граѓаните се справуваат со голем проблем паради недостаток на превозници кој одржуваат редовна линија од Македоска Каменица, а досега немавме регистрирано ниту еден активно лиценциран такси превозник.
Ова е прва регистрација на активна такси компанија на територијата на Македонска Каменица. Од локалната самоуправа упатуваат повик до останатите превозници да го сторат истото. Со лиценцирање на својата дејност, да обезбедат регуларен и безбеден превоз на патници. Локалната самоуправа, како што истакнува градоначалникот Атанасовски, во иднина ќе продолжи со поддршка кон оваа услужна дејност во општината, при што првенствено ќе пристапи кон обележување и просширување на постоечките, како и изградба на нови такси стојалишта на територијата на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *