Општествено одговорни компании со донации за КУД “Вера Јоциќ” – Македонска Каменица

Културно уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица продолжува да ја негува и пренесува традицијата благодарение на поддршката од општествено одговорните компании кои се посветени на зачувување на македонскиот фолклор и култура.

Компанијата “Го Пласт Караман”, како дел од својата општествено одговорна мисија, донираше рачно изработени “пафти” кои ќе бидат користени при сценските настапи. Оваа донација значително придонесува за автентичниот изглед на народните носии и допринесува кон зачувување на македонската традиција.

Исто така, Палмас ДМТ во повеќе наврати е вклучена во поддршката за „Вера Јоциќ“. Овојпат со донирање на брендирани маички за сите сегашни и идни играорци и фолклористи, помога во создавање на единство и припадност помеѓу членовите на друштвото.

Со овие донации, Го Пласт Караман и Палмас ДМТ, докажуваат дека општествената одговорност е неразделен дел од нивното работење, додека истовремено ја потврдуваат својата посветеност кон поддршка на културата и традициите во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *