Нов одличен успех на младите шахисти од ШК Каменица Саса на младинското првенство на Македонија

Нов одличен успех на младите шахисти од ШК Каменица Саса на младинското првенство на Македонија
Во периодот од 23 до 29.06.2024 година, во хотелот Сириус во Струмица се одржа поединечното младинско шаховско првенство на Македонија. Во конкуренција од над 150 млади шахисти од повеќе шаховскиот клубови од Македонија, сите наши шахисти во своите категории завршија помеѓу првите 15 натпреварувачи, при што најдобар пласман оствари Ивановски Александар кој што во својата категорија се пласира на одличното 9 место.
Боите на ШК Каменица Саса, ги бранеа Ивановски Александар и Јангеловски Андреј (У18), Атанасовски Иван (У16), Ситновски Јане (У12) и Атанасовски Климент (У10).
За учеството на младинското шаховско првенство на Македонија, како и за подршката на останатите активности на шаховскиот клуб од Македонска Каменица упатува благодарност до Општина Македонска Каменица и Рудник Саса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *