Македонска Каменица, [01. Септември 2024 година] – Во својата постојана заложба за благосостојба на заедницата, Рудник САСА за време на одбележувањето на Денот на рударите, најави и реализираше неколку донаторски проекти. Во тие рамки САСА направи значајна донација кон детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица, каде со нови дидактички материјали и ентериер целосно се реновирани и опремени шест заминални.
Директорката на детската градинка „Бамби“, Тодорка Велиновска, изрази огромна благодарност кон општествено одговорната компанија Рудник САСА за оваа донација: „Оваа инвестиција значи многу за нас и за нашите деца. Со новата опрема и реновираните простории, ќе можеме да создадеме една поинспиративна и пријатна средина за нашите најмлади. Благодарение на Рудник САСА, децата во градинката ќе имаат подобра средина за учење и игра, прилагодена на современите стандарди.
Донацијата вклучува големи и мали дидактички шкафови, поединечни детски шкафчиња и закачалки, масички со столчиња, како и креветчиња со диушеци.