Нови донации од Фондација САСА за локалната заедница

 

Нови донации од Фондација САСА за локалната заедница

 

 

 

Македонска Каменица, 30. Ноември 2023 година – Во рамки на својата континуирана поддршка на локалната заедница, Рудник САСА преку својата Фондација за одржлив развој, реализираше донации во три области кои се идентификувани како особено значајни за животот и просперитетот на целата заедница.

 

 

Првата донација придонесува за животната средина и се состои од различни видови листопадни и зимзелени дрва кои ќе бидат засадени на осум локации ширум Македонска Каменица. Изборот на точните локации, подготовката на теренот и засадувањето на дрвата ќе го извршат екипите од јавното комунално претпријатие „Камена река“. Ова не е прва донација во областа на заштитата на животната средина. Рудникот САСА и Фондацијата САСА континуирано инвестираат во пошумување на територијата на општина Македонска Каменица.

 

 

Исто така, денеска беа донирани и книги кои ќе придонесат за збогатување на книжевниот фонд на градската библиотека „Крсте Петков Мисирков“ во Македонска Каменица. Најновата донација од Рудник САСА и Фондација САСА се состои од нови книги со кои вкупниот книжевен фонд во оваа библиотека ќе надмине над 14.000 изданија, наменети за читателите од сите возрасти.

 

 

Третата донација е во областа на заштитата и афирмацијата на културното наследство. За таа цел, Фондацијата САСА обезбеди нови комплети машки и женски народни носии за членовите на културно-уметничко друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица.

Рудникот САСА, преку својата Фондација и понатаму ќе продолжи да вложува во различни области кои се значајни за локалната заедница и го унапредуваат квалитетот на животот на луѓето.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *