Во дерби дуелот на ланските финалисти во плеј-офот, Баскет Кам убедлив против Вардар (79:57) за максималeн ефект
Екипата на Баскет кам 2011 запиша уште една победа во меѓусебните дуели со Вардар, оние кои траат веќе неколку сезони, а дел од нив, оние во ланскиот шампионат решаваа и за титулата државен првак.
Екипата од Македонска Каменица стигна до нов, сега и убедлив триумф од (79:57), во најголема мерка по заслуга на извонредната Ивана Кметовска. Македонската репрезентативка реализираше 30.поени за победничката екипа, а одлично беше следена од Димова која уфрли 17 односно Поп Димитровска коај го заврши дербито со 14. реализирани поени.
Во гостинската екипа, Селцова дојде до 14. поени, Пислевска имаше 13, а Зафировска и Трајковска додадоа по осум.
По четири кола, Баскет кам има максиимални четири победи, за Вардар ова е веќе втор пораз од почетокот на сезоната.