Нашиот Епископ г.Марко отслужи Света Божествена Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица

Третата недела по Велигден, Православната Црква ја посветува на жените Мироносници. Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско – каменички г. Марко, отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.


За време на Светата Литургија епископот одржа пригодна беседа во која накратко го појасни денешното Свето Евангелие за жените Мироносници. Овие жени беа првите кои ја објавија веста за Воскресението на Спасителот.


Во денешната проповед епископот апелираше до верниците дека овој ден, слободно може, да го посветиме како ден на православнита жена.
Мироносници претставуваат најдобар пример за непоколеблива вера и несебична љубов кон Бога, без оглед на сите потешкотии со кои се соочиле.
По нивните молитви Г. И. Христе помилувај нѐ и спаси нѐ. Амин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *