Нашата Михаела Павловска замина на Олимпијадата по геонауки во Пекинг – многу успех на Михаела и на целиот тим од Македонија!

Михаела Павловска од Македонска Каменица е дел од националниот тим кој ќе ја претставува Македонија на престижната Меѓународна олимпијада по геонауки во Пекинг, Кина.

Овој значаен успех на Михаела е резултат на нејзината посветеност, труд и љубов кон науката, надополнет со нејзините одлични резултати постигнати на регионалните и националните натпревари.

 

 

Михаела Павловска на Меѓународната олимпијада во Кина, заминува како ученичка при гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје, каде е еден од најдобрите ученици. Нејзината страст за геонауката и нејзиниот континуиран успех во ова поле, се надеваме дека ќе бидат препознаени и на меѓународно ниво. Нејзиното учество на Меѓународната олимпијада е голема чест за нашата заедница и целата земја.

Веруваме дека нашата Михаела Павловска и целиот национален тим, ќе се претстават во најдобро светло, на највисоко ниво. Со силно изразена поддршка, изразуваме надеж за многу успех и освојување на златен медал во Пекинг! Овој престижен и највисок Меѓународен настан од научен карактер, веруваме дека ќе донесе нови знаења и искуства кои ќе бидат инспирирација за многу понатамошни успеси. Со нејзината упорност, талент и поддршка од семејството, наставниците и пријателите, сме сигурни дека младата Михаела ќе постигне одлични резултати.

 

 

Со среќа и напред во освојувањето на нови висини, Михаела! Твоите успеси се ѝ наши успеси. Горди сме на тебе!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *