Нашата екипа ФК Каменица Саса се враќа со бод од гостувањето во Охрид

По 90 одиграни минути на градскиот стадион “Билјанини извори” во Охрид, екипата на ФК Каменица Саса успеа да го анулира водството на домаќините и да освои бод на ова исклучително тешкото гостување.

Првото полувреме со шанси на двете страни, заврши без голови. Фудбалерите на ФК Охрид го отворија резултатот на почетокот од второто полувреме, момент од кој нашите фудбалери ја преземаа иницијативата на теренот. Дојдоа до израмнување во финишот од натпреварот. Но, не успеаја да дојдат до посакуваната победа за нови три бодови на салдото.

Голот за нашата екипа ФК Каменица Саса го постигна Мартин Димоски во 84 минута, откако прецизон стрелаше кон небранетиот дел на противничката мрежа, по одличното додавање на брзиот и мудар Александар Смилков.

По комплетирањето на 26. Коло екипата на Осогово успеа да слави на домашен терен од 2:1 против Караорман и сега распоредот на дното од табелата изгледа вака:

Во следното 27. Коло екипите од дното на табелата го имаат следниот распоред:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *