Младата македонска надеж Анастасија Тодорова се приклучи на шампионскиот тим на Баскет Кам од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 01. Септември 2024 година – ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица го засилува својот состав со младата и талентирана кошаркарка Анастасија Тодорова. Доаѓа од екипата на Про Баскет од Кавадарци.

Како универзална играч на позициите 1 и 2, Анастасија има богато искуство во младинските репрезентации на Македонија, каде бележи успеси во категориите М14, М16 и М18.
Со својот дриблинг, шут и визија за игра, Анастасија ќе биде од голема важност за повторување на интернационалните и државните успеси на македонскиот шампион и освојувач на Купот на Македонија, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица.

Нејзиното пристигнување во Баскет Кам, ја покажува посветеноста на клубот за развој на млади таленти и градење на успешна иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *