Мигрант украл возило во Куманово, го фатиле во Македонска Каменица

Полициска патрола пресретна мигрант од Алжир со украдено возило во селото Саса, по што тој бил приведен во полициската станица во Македонска Каменица.
-Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во с.Саса го лишија од слобода О.Н.(24) од Алжир, затоа што одзел патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, кое во СВР Куманово на 11.05.2020 година било пријавено за одземено. О.Н. е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а одземеното возило е вратено на сопственикот, се вели во соопштението од полицијата.
Мигрантот вниманието на полицијата го привлекол, откако неколку дена претходно возилото било пријавено како украдено, а било забележано во село Саса.
Согласно законот, за ваквите постапки спрема прекршителот предвидена е кривична пријава за кражба и за нелегален влез и престој во нашата држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *