МВР соопшти за трагичната смрт на 28-годишниот жител на Македонска Каменица

Како што објави македонската полиција вчера попладне околу 15.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – селото Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот, соопшти полицијата.

Во тешката несреќа момчето починало на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, вели полицијата.

– Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, јави МВР.

Денеска, со почеток од 10:00 часот, беше одржана вонредна Седница на Советот на општина Македонска Каменица, каде советниците едногласно донесоа Одлука за прогласување на Ден на жалост во нашата Општина. За Ден на жалост во Македонска Каменица се прогласува утрешниот ден, 20. Јуни 2023 година, вторник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *