„Манданата 2024“ велосипедска тура во организација на КПС Осоговски орел – Кочани

Клубот за планински спортови „Осоговски Орел“ од Кочани за прв пат организира
планинска велосипедска тура „Манданата 2024“ на јужните падини на Осоговските
Планини.

Настанот е закажан за ден 23 јуни (недела) со почеток во 9 часот во дворот на
манастирот „Св.Илија“ во месноста Бочвенец, во аратот на с.Речани на околу 12
km оддалеченост од градот Кочани.

Од стартот ќе се вози кон с. Крушка, потоа по сртот Дл”ги Дел, па патеката се
спушта во Бела Река, за да потоа повторно се искачува кон планинското маало
Мишино.

Таму е планирана пауза, а воедно ќе се оддаде почест на револуционерот
Стефан Мандалов – Манданата, учесник во познатата афета Мис Стон од
предилинденскиот период, кој загинал токму на овој простор во септември 1903
година. По паузата следува спуштање кон Ново Село, се поминува покрај
манастирот „Св.Димитрија“ и ново спуштање кон манастирот „Св.Симеон“ во с.
Костин Дол, каде ќе биде поставен ункт за освежување. По освежувањето
учесниците повторно ќе поминат преку Бела Река, се искачуваат по сртот и се
враќаат на стартната точка во месноста Бочвенец.

Велосипедската тура е поделена на 2 (две) тури, од која подолгата е 36 km со
висинска разлика од 1200 m, додека пократката е во должина од 26 km со
висинска разлика од 900 m.

На крајот следува доделување на благодарници и финишери, ручек и
освежување.
Пријавувањето за велосипедските тури е во тек и истото можете да го извршите
на следниов линк:
https://osogovo.events.datacom.mk/mk/events/mtb-velosipedska-tura-mandanata-
2024/list?search=&event_package_id=34&plain=

Текст Игор Вангелов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *