Македонска Каменица со редица настани и активности го одбележа Светскиот ден на храната

Македонска Каменица се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на храната со редица на настани и активности во образовните и воспитно негователските установи.

Во Општинското основно училиште “Св. Кирил и Методиј” успешно беше организиран Базар на храна на кој учествуваа ученици од прво до петто одделение со производи подготвени со своите родители.

Базарот на храна го посети и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој со своето присуство, изрази поддршка на оваа убава иницијатива спроведена од учениците и наставниците.

– Ваквите настани се од големо значење за развој на заедницата и имаат особена важност во поттикнувањето на младите луѓе да бидат активни и социјално одговорни, – истакнува Атанасовски

При посетата на Базарот на храна, како што додава градоначалникот Димчо Атанасовски, учениците изразиле радост дека собираните средства од продажбата на домашните специјалитети подготвени со помош од нивните родители и наставници, ќе можат да финансираат различни активности во училиштето и да организираат други културни и забавни настани.

Исто така, градоначалникот Димчо Атанасовски објави вест дека во посета на неговиот кабинет, со подготвени подароци со здрава храна, денеска беа дечињата од детската градинка Бамби. За таа прилика Атанасовски вели: “Денеска, мојот кабинет беше исполнет со најубавата музика – со среќа, смеа и весел детски џагор! Ми беше голема чест и задоволство да поминам моменти на радост со нашите најмлади сограѓани, дечињата од нашата детска градинка „Бамби“. Особено сум благодарен на прекрасните подароци со здрава храна, кои заедно со воспитно негователскиот кадар, ги подготвија по повод Светскиот ден на храната. Видлив е нивниот труд и креативност. Уште повеќе радува што од мали нозе се учат на вистински вредности и на важност од здравата исхрана. Вашата детска радост е најголемата награда за секој од нас возрасните. Ве поканувам повторно да ме посетите и заедно да споделиме уште многу насмевки, – се вели во соопштението објавено од градоначалникот Атанасовски

Денешниот настан е организиран по повод 16 октомври – Светскиот ден на храната и претставува одлична можност за учениците да ја покажат својата креативност и да го промовираат здравиот начин на исхрана.

Кон одбележувањето на Светскиот ден на храната се приклучија и учениците од подрачните училишта во село Саса, село Моштица и село Цера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *