МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ГО ПРОГЛАСИ УТРЕШНИОТ ДЕН ЗА ДЕН НА ЖАЛОСТ

Македонска Каменица, 21. Август 2023 година – Советот на Општина Македонска Каменица на денешната, XXIX вонредна седница едногласно донесе одлука утрешниот ден, вторник 22. Август 2023 година, да биде прогласен за ден на жалост, поради трагичен настан во кој животот го загуби млад жител на Македонска Каменица.

Како што соопшти полицијата на 20. Август 2023 година, околу 11:40 часот, било пријавено дека на ул. „Каменичка“, мотоцикл „хонда“, управуван од И.К. (20) од Македонска Каменица изгубил контрола и паднал од моторот. Моторот удрил во патничко моторно возило „рено лагуна“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (47) од Делчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.К, кој на пат кон болница починал.
Од страна на лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево“ – стои во соопштението од МВР

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *