Ловците од ЛД “М. Каменица – Саса” организираа хајка за отстрел на дивеч и ловчиска средба на манастирот во Јазова Чука

Македонска Каменица, 17. Февруари 2024 година – Денеска, со почеток од раните утрински часови, членовите на Ловното друштво “М.Каменица – Саса” организираа хајка за отстрел на дивеч во ловиште “Вратиславци”.

– По успешно завршената акција, за сите учесници во истата и бројните гости на настанот беше послужен ручек со војничко гравче на манастирот “Покров на Пресвета Богородица” на Јазова Чука – истакнуваат од Ловното друштво “М. Каменица – Саса” од каде упатуваат благодарност за постојаната поддршка за ваквите активности до Општина Македонска Каменица и градоначалникот Димчо Атанасовски кој утрово беше присутен на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *