КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица започнува со упис на нови членови за 2024/2025 година

Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица започнува со упис на нови членови за 2024/2025 година.
Дозволете новата учебна година да стане ваша инспирација за нови предизвици и успеси во промоцијата на македонскиот фолклор.

Станете дел од нашето големо семејство, каде што ќе имате можност да учествувате во зачувувањето на македонската традиција и култура.
Покрај тоа, ќе запознаете нови пријатели, ќе развивате спортски дух, и ќе создадете незаборавни спомени преку настапи и турнеи низ Македонија и странство.

Пријавите се одржуваат секој вторник и четврток од 16:00 до 21 :00 часот во просториите на КУД„Вера Јоциќ“ во Дом на Култура Македонска Каменица.

Ве очекуваме,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *