Кристијан Чурлинов е ново име во редовите на ФК Каменица Саса

Кристијан Чурлинов е ново име во редовите на каменичкиот второлигаш ФК Каменица Саса

– Со своето искуство и квалитет, стекнати со настапите за екипите на Скопје и Тетекс, 23 годишниот Кристијан Чурлинов од Скопје ќе ја зајакне одбраната и ќе донесе брзина во нападот. Кристијан е фудбалер од младинските школи на Вардар и Работнички, – велат од клубот, од каде истакнуваат убедување дека Чурлинов ќе биде од голема корист на десната бековска и крилна позиција во тимот и ќе придонесе за постигнување на целите на ФК Каменица Саса.

💚🖤 Добродојде Кристијан во големото семејство на ФК Каменица Саса 🖤💚

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *