Кривична пријава за 23 годишен каменичанец за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, денеска 24. Јануари 2024 година, поднесе кривична пријава против 23 годишен жител на Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Како што стои во соопштението од Дневниот билтен на МВР, на 15.04.2023 во Македонска Каменица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Извор на веста: Дневен Билтен на МВР од 24. Јануари 2024 година

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *