Кривична за виничанец, купил телефон со фалсификувани пари

Дваесет и деветгодишен маж од Виница доби кривична пријава откако купил мобилен телефон со фалсификувани 430 евра.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(29) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување пари“ и „измама“. На 20.05.2021 во Скопје, пријавениот се сретнал со 58-годишна жена и по претходен договор од неа купил мобилен телефон за 430 евра. Притоа, тој и дал четири банкноти од по 100 евра и една банкнота од 2000 денари. Таа ги однела банкнотите да ги провери во менувачница, каде што и било кажано дека девизите се фалсификат“, информираат од МВР.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *