Во вечерните часови продолжуваат блокадите на патниот правец кон Градската депонија.
Распоредени во 24 часовни смени жителите на Кочани и населените места не попуштаат пред своите барања за целосен престан на чадењето на депонијата, расчистување на просторот и третирање со алги.
Дополнително, инсистираат на што поскоро оградување на депонијата, поставување на видео надзор и 24 часовно физичко обезбедување на истата, трајна забрана за депонирање на отпад од соседните општини Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци со цел трајна дислокација на кочанското ѓубриште и на населените лица кои престојуваат на депонијата заради бизнис.
Сообраќајот се одвива нормално, а не се пропуштаат единствено возилата за комунална хигиена.