Кобен Велигден во Виница. Загина 24-годишник во сообраќајна несреќа

Трагичен Велигден во Виница. 24 – годишник загина во сообраќајна несреќа. На него во блиизна на фабриката Руен во Кочани, налетал мерцедес. Ударот бил прејак за двајцата возачи, но кобен за виничанецот:

  • Веднаш по незгодата возачите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Здравствен дом Кочани, каде кај Д.С. е констатирана смрт, а кај А.П. телесни повреди, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Загинатиот, Дејан Стојков бил келнер во познат угостителски објект во Виница и кобниот ден имал слободна вечер. Малку пред да удри мерцедесот во него, тој тргнал да си оди дома. Стигнал само до влезната капија на Руен.

Засега не се целосно утврдени околностите на несреќата, но според трагите на терен, веројатно е дека возачот на мерцедесот возел многу бргу, удрил во возилото на Дејан и буквално го буткал над 150 метри пред да успее да закочи.

Ова е втора сообраќајна несреќа со смртни последици во регионот само овој месец. Претходно, скопјанец почина на патот кон Велес, откако возилото каде тој бил совозач излета од патот.

Инфо извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *