Каменичките училишта ги отворија вратите за учениците – Градоначалникот Атанасовски честитајќи го почетокот на новата учебна година подели униформи и училишен прибор

Каменичките училишта ги отворија вратите за учениците – Градоначалникот Атанасовски честитајќи го почетокот на новата учебната година подели униформи и училишен прибор.

Пред првиот час за 46 првачиња во ООУ Св. Кирил и Методиј во Македонска Каменица, во кругот на училиштето беше одржана кратка пригодна програма. На настанот се обрати градоначалникот Димчо Атанасовски и директорот на училиштето Виктор Георгиевски.

Како што претходно вети градоначалникот Атанасовски, со почетокот на новата учебна година, сите ученици од каменичката деветолетка добија училишни униформи, а првачињата добија и подароци со училишен прибор.

Честитката од градоначалникот Димчо Атанасовски ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани ученици, наставници и родители,

Со неизмерна радост, денеска го означуваме почетокот на новата учебна година во двете наши училишта ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ ” Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица.

 

Во оваа прилика, сакам посебно да ги поздравам нашите најмлади, нашите драгоцени првачиња. Тие денеска го прават својот прв чекор кон светот на знаењето. Ова е незаборавен и магичен момент за сите нас, а најмногу за вас. Вие денеска, со восхит и со огромна љубопитност се впуштате во оваа нова животна авантура.

Општина Македонска Каменица е искрено посветена и цврсто решена да ви обезбеди поддршка на секој чекор од вашето образовно патување. Ќе продолжиме да инвестираме во вашата иднина, во создавање креативна, инспиративна и сигурна средина за сите ученици и наставници.

Со цел да ви посакаме среќен старт на учебната година, ќе имам чест на нашите првачиња да им поделам скромни подароци со училишен прибор, кои ќе ви помогнат во вашето учење. Исто така, со радост и гордост, истакнувам дека општина Македонска Каменица набави нови униформи за сите ученици во училиштето, со што ќе придонесеме за поголемо единство и самодоверба во нашата училишна заедница.

Среќен и успешен прв училишен ден на сите!
Нека оваа година биде исполнета со радост, нови знаења и многу успеси!

Срдечно,
Градоначалник Димчо Атанасовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *