Каменичката деветолетка ги додели свидетелствата на полуматурантите. Јана Димитровска е првенец на генерацијата

Македонска Каменица, 20. Јуни 2024 година – Денеска, Општинското основно училиште “Св. Кирил и Методиј” ги додели свидетелствата на полуматурантите.

– Им посакуваме да бидат горди на себе, на своите дела, како што и ние се гордееме на нивните успеси. Поминавме заедно девет години во школските клупи. Заедно ги доживувавме сите ваши радости, таги, успеси и неуспеси! Секоја генерација е посебна, секоја генерација има свое обележје, секоја генерација е дел од нас, – кажаа од училиштето по повод денешниот настан
Годинава, првенец на генерацијата во каменичката деветолетка е Јана Димитровска – наш пример за ученик, кој го покажа патот по кој треба да чекорат и останатите генерации, – додаваат од училиштето

Памела Стојковска доби сертификат за ученик првобранител, за застапување на правата и интересите на учениците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *