Испишавме историја: Македонија е јуниорски европски шампион во Б-дивизија!

Низ сите мечеви, а особено денеска во финалето главен лидер на тимот беше Никола Јаничиќ. Постигна 30 поени и сосема заслужено се закити со признанието МВП, најдобар играч на првенството. Во идеалната петорка, освен него е е избран и Марко Луканоски

Jуниорската репрезентација на Македонија се закити со титулата на Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Скопје, откако победничка серија ја продолжија и на денешното финале против Австрија, триумфирајќи со конечни 98-88. Со победата, оваа генерација кошаркари по две години пак се враќа во европската елита. Оваа генерација кошаркари после две години се враќа во европската елита.

За младинските селекции на Македонија ова беше четврто финале во натпреварувањата од „Б“ дивизијата и прв трофеј. Селекцијата до 20 години играше финале минатата година во Скопје, но и во 2006-тата во Лисабон и двапати загуби. Кошаркарите до 16 години играа финале во 2004-тата во Брајтон, а репрезентацијата до 18 години во своето прво финале дојде до првиот трофеј.

ФОТО: КФСМ

„Црвено-жолтите“ го одиграа натпреварот храбро и мотивирано, потврдувајќи ја својата класа со седмиот триумф во низа како јасен доказ за апсолутната доминација.

Низ сите мечеви, а особено денеска во финалето главен лидер на тимот беше Никола Јаничиќ. Постигна 30 поени и сосема заслужено се закити со признанието МВП, најдобар играч на првенството. Во идеалната петорка, освен него е е избран и Марко Луканоски.

Покрај Македонија и Австрија, промоција во А-дивизија обезбеди и селекцијата на Бугарија која во мечот за третото место ја совлада Полска со 85-64.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *