ИНФО за сите кои патуваат кон соседна Грција: Проблемите со компјутерскиот систем на Евзони создаваат долги колони на возила

На граничниот премин „Евзони“ на влезот во Грција се создаде огромна гужва. Како што информираат српските туристи кои моментално чекаат за влез Грција, „паднал“ компјутерскиот систем на грчките гранични власти.

Туристите од граничниот премин во Фејсбук групата „Грчка инфо“ јавуваат дека кај „Евзони“ во моментов се чека три и пол часа, а ништо подобра не е состојбата и на алтернативниот премин „Дорјан“ каде возилото се задржува еден час помалку.

– Велат нема да работи до вторник, пишуваат загрижените српски граѓани во коментарите.

Izvor: a1on.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *