Интервентно чистење и дезинфекција на базените во Стара Каменица и село Дулица пред пуштањето во употреба на новата филтер станица

Македонска Каменица, 08. Ноември 2024 година – Општина Македонска Каменица во соработка со Јавното претпријатие Камена Река врши интервентно чистење и дезинфекција на базените и доводните цевководи од системот за водоснабдување на сите приградски населени места во Стара Каменица и во село Дулица.
Претходно, од страна на ЈП Камена Река, беше уреден и дополнително заштитен зафатот за вода на м.в. Јуручки гробишта во село Цера, активност со која значително се подобрија условите за постојано обезбедување на чиста и здрава вода за пиење.
Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атансовски вели дека сите овие работни активности се спроведуваат во рамки на подготовките за пуштање во употреба на новата филтер станица во село Цера, која веќе е инсталирана и ќе биде ставена во функција веднаш по завршувањето на подготвителните работи.
Со овој проект, потврдуваме дека грижата за здравјето на граѓаните во сите населени места е приоритет во нашето работење. Ќе продолжиме да вложуваме во унапредување на снабдувањето со квалитетна вода за пиење на сите жители на општина Македонска Каменица, – додава Атанасовски
Општина Македонска Каменица во изминстиот период изврши санација на водоводите во повеќето рурални средини. Како последни проекти од таков тип, ги бележиме интервенциите во Капетанско маало во село Саса, до повеќе населени места во Стара Каменица, како и веќе планираната реконструкција на дел од водоводот во село Луковица со должина од 700 метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *