ИЗВЕСТУВАЊЕ: ЈП Камена Река започнува со редовно чистење на оџаците – граѓание од колективните станбени објекти да ги следат насоките дадени од јавното претпријатие

ЈП Камена Река упатува Известување до станарите во колективните живеалишта во Македонска Каменица, дека започнува редовното чистење на оџаците во станбените објекти.


Известувањето од ЈП Камена Река ви го пренесуваме во целост:

ЈП Камена река М.Каменица Ве известува дека ќе започне со чистење на оџаците по колективните станбени згради почнувајќи од 16.09.2024 година (понеделник).

Доколку станарите на некоја од зградите не сакаат да се изврши чистење на оџаците, претставник од зградата треба да го извести јавното претпријатие најдоцна до 13.09.2024 година .

Истовремено ги замолуваме станарите, за време на чистењето на оџаците да не ги палат печките за греење.

Корисниците на услугата (чистење на оџаците) се должни да му платат надоместок на давателот на услугата – ЈП Камена река М.Каменица.

 Надоместокот за чистење на оџаците ќе биде наплатен на сметката за комунални услуги.

Корисниците на услугата (чистење на оџаците) ќе бидат известени ден пред да биде извршено чистењето, по претходно утврден распоред.

Обврска на станарите на колективните станбени згради е да ги исчистат чистачите на оџаците, во спротивно ЈП Камена река М.Каменица нема да сноси никаква одговорност.

Одговорно лице Митко Анастасовски 078 304 838

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *