ВАЖНО: Известување од Општина Македонска Каменица до граѓаните во врска со надоместокот за јавно осветлување по донесеното Решение од Уставен суд

Известување од Општина Македонска Каменица до граѓаните во врска со надоместокот за јавно осветлување по донесеното Решение од Уставниот суд

Известувањето ви го пренесуваме во целост:

Во врска со надоместокот за јавно осветлување кој претставува законска обврска за плаќање согласно Законот за комунални такси, каде во член 3 став 3 јасно е предвидено дека под корисник на јавно осветлување се подразбира секој имател на броило од категоријата „домаќинство” и секој имател на броило од категоријата “останата потрошувачка”, Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски Ве информира дека, согласно законски преземените дејствија од страна на Општината, донесено е Решение од Уставниот суд со кое се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот на Советот бр.08-358/1 од 27.02.2023 година.

Донесеното Решение од Уставниот суд е уште еден доказ, во низата други противправни одлуки, за незаконското постапување и одлучување на Советот на Општина Македонска Каменица.

Со оспорениот Правилник Советот паушално, своеволно, без правен основ се обиде на нечесен начин да ја замајува јавноста и да изнесува лажни факти дека се грижи за граѓаните и донел Правилник со кој ќе се ослободат корисниците од плаќање на комунална такса за јавно осветлување, без притоа да ги прифати укажувањата дека немаат таква надлежност и дека таков Правилник не може да се примени.

Наспроти претходното, се потврди законската работа на Општината и Градоначалникот водејќи грижа за граѓаните и нивните интереси, но се разбира сѐ што е во рамките на позитивните законски прописи.

Во оваа прилика уште еднаш потенцираме дека Градоначалникот нема законска надлежност да донесува одлуки за ослободување од надоместокот за јавно осветлување, туку тоа може да го утврдува Советот со донесување на поединечни одлуки согласно Законот, само во определени случаи каде нема инсталирано јавно осветлување, што соодветно се утврдува со претходно преземање на потребните дејствија.

Решението од Уставен суд можете да го прочитате тука:  РЕШЕНИЕ ОД УСТАВЕН СУД

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *