Зорица Караѓозова и Магдалена Ѓорѓиева првонаградени ученици на Меѓународна ликовна изложба

Зорица Караѓозова и Магдалена Ѓорѓиева првонаградени ученици на Меѓународна ликовна изложба

Македонска Каменица, 29.11.2018 година – Под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, во организација на Детскиот ликовен центар се одржа Меѓународна ликовна изложба за деца од предметна настава. На учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица кои учествуваа на изложбата им беа доделени награди- дипломи за освоени прво и второ место на оваа Меѓународната ликовна изложба.

На Зорица Караѓозова и припадна првото место, додека Магдалена Горѓиевска го освои второто место на 12-та Традиционална меѓународна ликовна изложба ,,Флора и фауна-извор на животот и убавината“-2018. Учениците на оваа ликовна изложба го претставуваа ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, под менторство на Анета Костадиновска, наставник по ликовно образование.

„Освојувањето на првите две места на оваа Меѓународна литературна изложба претставува голем успех за нашето училиште и градот воопшто. Навистина ме радува фактот што во конкуренција на творби од ученици од Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Босна и Херцеговина, ние успеавме да ги освоиме првите две места. Се надевам дека ова ќе биде сатисфакција и поттик повеќе за сите талентирани ученици од училиштето, во иднина да пројават интерес за учество во поголем број ликовни  работилници, изложби и конкурси. Сакам да напоменам дека, како училиште во изминатава година имаме учествувано на повеќе конкурси, од кои би го издвоила признанието  добиено како Пофалница за активно учество во проектот за одбележување на Меѓунарониот ден за рециклирање на е-отпад „Рециклираме, твориме и штедиме“ со Електролед и Шпаркасе Банка. Во моментов , покрај учеството на останатите конкурси, сакам да го нагласам учеството на Меѓународниот конкурс за постер на ФАО за ученици од 5 до 19 години, организиран од ООН во рамки на Светскиот ден на храната, под мото „Свет без глад“. Рзеултатите  од овој престижен Светски литературен конкурс ќе бидат објавени во средината на декември во Рим, Италија. На крај сакам само да најавам дека со ликовни дела од ученеците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, планираме учество на ликовни изложби и конкурси во Битола и Словенија. – изјави Анета Костадиновска, ментор и наставник по ликовно обранование во училиштето

Оваа Традиционална меѓународна ликовна изложба, каде талентираните ученици преку својата креативност творат, цртаат, сликаат и пишуваат се одржува по 12-ти пат, по пауза од 5 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *