Земјотрес во Пехчево и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.8.2024 година, регистрира земјотрес, чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје.

Земјотресот се случи во 4.48 часот со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *