Здружението Надеж од Македонска Каменица ја спроведе и третата обука со младите од Виница

Здружението Надеж од Македонска Каменица ја спроведе и третата обука
со младите од Виница

Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска
Каменица, во среда на 14.06.2024 од 10:00 – 15:30 часот, ја спроведе и третата обука,
со членови на Локалниот Младински Совет и Локалното собрание од Виница.


Членови на локалните младински тела од Виница се запознаа со Организирање на
работата на Локалниот младински совет, како и за ефикасно застапување на
младинските политики. Во нивниот делокруг на работа, младите се запознаа со
процедурите за работа и водење на потребната документација, начини на
организирање на консултации со младите во општината, состаноци за информирање,
консултации со локалното собрание на млади, подготовка на предлози и иницијативи
до градоначалникот и претседателот на Советот, самоевалуација, јавност во работата
на советот, пишување на извештаи и како да се организираат ефективни и ефикасни
седници на Локалниот младински совет.
Со формирањето на Локалниот младински совет во општина Виница, младите добија
гарантиран канал за комуникација со локалните власти, да го кажат својот глас, да ги
понудат своите иновативни идеи и креативни предлози и да ги застапуваат со цел
спроведување на истите.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а е добиен како грант од конзорциумот
кој го спроведува проектот „Заедници инклузивни за млади“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *