Здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица ја спроведе третата обука од проектот „Младите можат“

Здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица ја спроведе третата обука од проектот „Младите можат“

Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска
Каменица ја спроведе и третата обука, со потенцијалните членови на Локалниот Младински Совет во Македонска Каменица.

Младите од Македонска Каменица се запознаа со Организирање на работата на Локалниот младински совет. Во нивниот делокруг на работа, младите се запознаа со процедурите за работа и водење на потребната документација, начини на организирање на консултации со младите во општината, состаноци за информирање, консултации со локалното собрание на млади, подготовка на предлози и иницијативи до градоначалникот и претседател на Совет, самоевалуација, јавност во работата на советот, пишување на извештаи и како да се организираат ефективни и ефикасни
седници на Локалниот младински совет.

Со формирањето на Локалниот младински совет во општината младите добиваат гарантиран канал за комуникација со локалните власти, да го кажат својот глас, да ги понудат своите иновативни идеи и креативни предлози и да ги застапуваат пред општината со цел спроведување на истите.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а е добиен како грант од конзорциумот кој го спроведува проектот „Заедници инклузивни за млади“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *