Здравство: Иста пациентка во Кочани ја лечеле од склероза, а во Штип од тумор

Семејство од Кочани обвинува за лекарска грешка. Погрешна дијагноза, Трајана Георгиева веќе извесен период ја врзала за кревет на Скопска неврохирургија, тврди нејзиниот син.

Според него, лекари од Кочанската болница на Трајана и дијагностицирале склероза, а вусшнот таа имала тумор на мозокот.

„Кога лично побарав и со Брза помош ја однесов во Штип, констатираа дека всушност наместо склероза има тумор на мозок. Моментално се влоши здравствената ситуација, поради предолго лекување од склероза и доведување да туморот енормно се зголемил. Чекам само Господ да ја спаси и лекарите каде е моментално – на Неврохирургија во Скопје. Дали некој ќе се замисли и се заинтересира дали постои несовесно лекување?“ пишува во реакцијата до ТВ Стар, Сашо Георгиев, синот на Трајана.

По реакцијата на семејството, експресно со демант се огласија и лекарите.

„Во конкретниот случај сакам да демантирам дека не станува збор за погрешно поставена дијагноза дека лекувањето е било спрема клиничката слика, бидејќи дополнителни иследувања не се направени од нивна страна“, стои во реакцијата на двајцата невропсихијатри од Кочани.

Во моментов, Трајана се наоѓа во тешка здравствена состојба и лекарите на Скопските клиники прават напори животот на жената да се спаси. По ова, семејството Георгиеви тврди дека одговорност за поминатата голгота ќе бара и на суд.

За случајот, никоја од засегнатите страни не сакаше да зборува пред камера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *