Засилени активности на Општина Македонска Каменица за решавање на проблемите предизвикани од обилните и поројни дождови

Македонска Каменица, 27. Јуни 2023 година – Од Општина Македонска Каменица информираат за засилени активности на терен после периодот со обилни врнежи од дожд.

– Реализиравме поголем број на активности за решавање на одводнувањето на атмосферските води, хортикултурно и урбано уредување на јавните површини во градската средина, – истакнува градоначалникот Атанасовски во соопштението за јавност објавено на социјалните мрежи

Во продолжението од текстот се вели дека целосно е завршена атмосферската канализација на улица 28 Август и улица Руенска. Крак на атмосферската канализација на улица Рударска. Во моментов се работи на изградба на вториот крак. Исто така, работиме на санација на локалниот пат во село Косевица.
Покрај овие активности, целосно е обновена урбаната опрема на улица Рударска, а продолжуваат активностите за хортикултурно уредување на јавните простори.
Со вклучена крупна механизација интензивно се работи и на прочистување на просторот околу коловозите на локалните патишта во селата Тодоровци, Моштица, Луковица и Дулица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *