Македонска Каменица, 05. Ноември 2024 година – Започнува со работа шаховската школа во Македонска Каменица. Првиот час за шахисти пионери, е закажан за среда, 06. Неомври 2024 година, со почеток од 18:00 часот, во просториите на Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ во Куќа на спортот во Македонска Каменица.
– Во почетните часови ќе бидат опфатени основите на шаховската игра, а потоа знаењата за шахот на младите шахисти ќе бидат продлабочени со искуства од познати ФИДЕ мајстори од земјава, – истакна претседателот на ШК „Каменица Саса“ лазо Стаменковски, кој ќе биде и предавач на младинското шаховско школо
Часовите ќе траат до крајот на месец ноември, а за следниот месец е планирано одржување на градско шаховско првенство за сите категории на шахисти од различни возрасти.