Започнува пријавувањето за чистење на оџаци пред почетокот на грајната сезона во Македонска Каменица

Започнува пријавувањето за чистење на оџаци пред почетокот на грајната сезона во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 21.09.2023 година – ЈП “Камена Река” упатува известување до граѓаните станари во колективните живеалишта во општина Македонска Каменица, дека од понеделник, 25.Септември 2023 година, започнува пријавувањето за чистење на оџаците пред почетокот на грејната сезона.

Пријавите за чистење на оџаците, граѓаните треба да ги доставуваат директно во просториите на ЈП Камена Река во текот на секој работен ден.

Оваа редовна пракса која Јавното претпријатие ја врши секоја година пред почетокот на грајната сезона, ќе се врши исклучиво по претходна пријава за чистење од страна на претседателите на Куќните совети или од група на станари.

Со ова, ЈП Камена Река обезбедува поголема безбедност на граѓание и нивните имоти, како и елиминирање на можноста од појава на пожари предизвикани од запалување на оџаците во колективните живеалишта во текот на грејната сезона.

Од ЈП Камена Река апелираат за строго придржување кон Куќниот ред за станување во колективни живеалишта, како и навремено пријавување на проблеми со чистотата и исправноста на оџаците. Нагласуваат дека, во таа насока, не треба да бидат преземени било какви чекори без известување до претпеијатието или ТППЕ Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *