Започна доизградбата на фекалната канализација во Индустриската зона во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица започна реализација на проект за целосно решавање на проблемите со отпадните води од феклната канализација во Индустриската зона, со доизградба на нова линија во должина од 300 метри.

– Започна доизградбата на фекалната канализациона мрежа во Индустриската зона во Македонска Каменица. Станува збор за исклучително важен крак во должина од 300 метри, со чија изградба овозможуваме трајно решавање на проблемите со отпадните феклани води во овој дел на Македонска Каменица, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски

Со ова, како што кажа градоначалникот Атанасовски, дополнително се подобруваат условите за работа во Индустриската зона, а од друга страна општината останува фокусирана на зачувувањето на животната средина, со високо ниво на грижа и одговорност кон истата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *