Заложничка драма во Берово: маж киднапиран среде ноќ

Утринава во 08.30 часот полициски службеници во место викано „Линако“, атар на Берово, го лишиле од слобода О.К.(33) од Берово.

„Според пријавеното, околу 02.00 часот во семејната куќа на Д.Т.(67) и Д.Т.(41) во Берово, татко и син, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, О.К.(33) и Б.К.(30) со употреба на сила влегле и физички го нападнале синот, при што употребиле остар предмет, а таткото го однеле со возило“, велат од МВР.

Полициски службеници по преземени мерки и активности го пронашле Д.Т.(67).

Извршен е увид, запознат е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Izvor> skopje1.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *