Заврши реконструкцијата на инсталациите за водовод, канализација и противпожарна хидрантска мрежа во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица

Заврши реконструкцијата на инсталациите за водовод, канализација и противпожарна хидрантска мрежа во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица

Македонска Каменица, 07. Декември 2023 година – Заврши целосната реконструкција на инсталациите за водовод, канализација и противпожарна хидрантска мрежа во каменичката деветолетка.
– Комплетно е променета цела водоводна и канализациона мрежа, како и надоградена противпожарна хидрантска мрежа во основното училиште, – истакна директорот на каменичката деветолетка, Виктор Георгиевски дополнувајќи дека во училиштето се поставени нови плочки, лавабоа, чешми во сите училници, писоари на сензор во тоалетите, нови вц шолји и казанчиња во сите тоалети, како и нови тушеви и болјери во соблекувалните.
– Со овој проект ќе се подобрат условите во училиштето, согласно најсовремените стандарди и потреби на учениците и вработените. Ова реконструкцијата е дел од активностите кои како локална самоуправа ги реализираме континуирано во текот на изминатиот период, – истакна градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атнасовски
Средствата за реконструкцијата се обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица во вредност од 2 000 000 денари. Изведувач на градежните активности е фирмата „БАЏАК-ИНЖЕНЕРИНГ “- Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *