ЖФК Каменица САСА ја засилува одбраната со младата репрезентативка Васка Василева

ЖФК Каменица САСА го објави името на најновото засилување на тимот. Станува збор за Васка Василева, една од најталентираните млади фудбалерки во Македонија.

– Василева е репрезентативка на Македонија во У19 категорија. Претходно, во У17 репрезентацијата беше капитен и лидер во овој национален состав, каде бележи одлични резултати, – изјави Зоран Златковски, тренер и стратег на вицешампионскиот тим од Македонска Каменица, кој додава дека, со доаѓањето на Василева во нивниот тим, таа прави одличен чекор во градењето на подобра и поуспешна кариера.

Доаѓа од екипата на ЖФК Тиверија од Струмица. Со брзата и технички добра игра, Василева ќе биде силно засилување на левата бековска позиција и пријатно изненадување во новата сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *