ЖФК Каменица САСА го доживеа првиот пораз во првенствен натпревар од лутиот ривал тетовски Љуботен

Македонска Каменица, 17. Септември 2024 година – Во рамки на 4. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Љуботен славеше со 2:0 над нашата екипа ЖФК Каменица САСА.
– Ова е наш прв првенствен пораз после 2 години. Одигравме изедначен натпревар, каде нашите девојки беа одлични, но среќата не беше на наша страна. Честитки за победата на домашната екипа, разбирлива е нивната бурна радост. Сепак ова е нивна прва првенствена победа во историјата на Љуботен против нашата екипа, – истакнува Зоран Златковски тренер на екипата на ЖФК Каменица САСА
Најважно е што сме на прав пат и резултатите ќе си дојдат сами по себе! Секој може да падне но поважно е како ќе се исправи а ние сигурно ќе се исправиме подобри и посилни, – додаваат од клубот во соопштението за јавност, дадено по завршувањето на натпреварот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *