ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица со најголеми шанси за одбрана на шампионската титула

Баскет кам го задржа шампионскиот „костур“, и има најголеми шанси да ја одбрани титулата

Во новата натпреварувачка сезона, осумте најдобри екипи, во голема мерка ќе се потпрат на „домашниот потенцијал“

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет кам го задржа шампионскиот „костур“, и има најголеми шанси да ја одбрани титулата

Време е и за македонска кошарка, онаа во женска конкуренција.

Време е за почеток на новата натпреварувачка сезона во сениорската женска Прва лига, која со себе носи некои новитети, секако, во однос на оние претодни сезони.

Поврзано со „изгледот“ на осумте екипи од кои е составена Првата „А“ група.

Истиот вели дека за разлика од некои минати сезони, во претстојната прволигашите ќе се потпрат на оние „домашни сили“. Односно дека, извесно, во првиот дел од првенството, ќе се потпрат на она што се квалификува како домашно.

И навистина се ретки случаите каде некој од прволигашите смета(ат) на некои странски засилувања.

Погледот на пријавните листи на осумте екипи вели дека странски кошаркари на почетокот на шампионатот, ќе има само во Крива Паланка, односно во Вардар.

Втора година по ред „вардарки“ сметаат на Кетлин Матие, додека па „стандардно“, ќе гледаме американски кошаркарки во дресот на Крива Паланка, овојпат тука се: Дијани Робинсон односно Одри Меклејни.

Останатите шест ќе чекаат разврска на онаа прва фаза, коба веројатно би се активирале на оној „странски пазар“…

Вклучително и актуелниот бранител на титулата, екипата на Баскет Кам 2011… Екипата која во оној прв официјален натпревар во сезоната, од Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ најави дека е подготвена, макар и со нешто „потенок ростер“, да тргне во одбрана на она што го освои во текот на ланската.

Имињата, оние репрезентативни, како Цветанка Димова, Сања Адамовска, Ивана Кметовска и Катерина Поп Димитровска се висока гаранција за успех, макар што во тимот од Македонска Каменица ќе ја нема Марија Николов, но и играч од типот на Драгана Зубац.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *